ПРВ.мк
Свет

Русија го забрани Оскаровскиот документарец за Путин - причината ќе ве изненади!

Русија го забрани Оскаровскиот документарец за Путин - причината ќе ве изненади!
Kristal

Руски суд ја донесе одлуката да се забрани прикажувањето на документарниот филм „Господин Никој против Путин“, кој неодамна освои Оскар за најдобар документарец, јавуваат локалните медиуми.

Одлуката е мотивирана со тврдења дека филмот содржи „екстремистичка симболика“ и „терористичка пропаганда“, како и дека се прикажуваат малолетници без согласност од нивните родители. Обвинителите посочуваат дека документарецот промовира негативен став кон руското раководство и војната во Украина.

Режисерот Павел Таланкин, по потеклото од градот Карабаш во Чељабинската област, снимал секојдневни сцени и интервјуа со ученици, истакнувајќи ја, како што тој оценува, растечката милитаризација на општеството. По снимањето, Таланкин ја напуштил Русија и материјалот го довел до долгометражен документарец во соработка со американскиот режисер Дејвид Боренштајн, кој живее во Копенхаген.

Филмот, сепак, останува достапен надвор од Русија, каде јавноста може да го гледа, додека во земјата каде што е создаден е официјално „забранет“.

Познатиот руски режисер Никита Михалков ја критикуваше продукцијата, нарекувајќи го „манифест на омраза кон Русите“ и обвинувајќи дека станува збор за антисистемски проект поддржан од западни медиуми.

Филмот ја предизвикува контроверзијата не само поради содржината, туку и поради неговата меѓународна награда, што дополнително ја потенцира разликата во перцепцијата за руската реалност внатре и надвор од земјата.

SWM
Pharmanova
FixCredit
Escape
Mia Home Mavrovo