ПРВ.мк
Свет

СВЕТОТ НА НОЗЕ: Путин воведе забрана за извоз на бензин - што значи ова за Европа?

СВЕТОТ НА НОЗЕ: Путин воведе забрана за извоз на бензин - што значи ова за Европа?

Рускиот претседател Владимир Путин донесе одлука за воведување привремена целосна забрана за извоз на бензин и авионски керозин, додека истовремено се разгледува можноста истата мерка да се прошири и на дизел горивото. Одлуката е донесена во контекст на зголемени тензии на енергетскиот пазар и проблеми во домашното снабдување.

Мерката беше соопштена за време на состанок со државниот и воениот врв, кој беше пренесуван од руската државна телевизија. Путин нагласи дека одлуката е донесена во интерес на домашните потрошувачи, со цел да се обезбедат доволни количини гориво во земјата.

Тој призна дека во одредени региони веќе постојат сериозни нарушувања во снабдувањето со гориво, при што најпогодени се земјоделскиот сектор и локалните пазари на енергенси. Во тој контекст, руските власти најавуваат дополнителни мерки за стабилизирање на внатрешниот пазар.

Одлуката доаѓа во период на засилени украински напади со беспилотни летала врз руската енергетска инфраструктура. Во изминатите месеци се пријавени оштетувања на повеќе рафинерии и нафтени постројки, вклучувајќи ги објектите на „Лукоил“ и капацитети во неколку региони.

Украинската страна тврди дека овие напади имаат за цел да ја намалат финансиската и логистичката способност на Русија за водење на војната, таргетирајќи ја енергетската индустрија како клучен извор на приходи.

Во меѓувреме, на териториите под руска контрола, вклучително и Крим, се пријавуваат проблеми со снабдувањето, недостиг на гориво и зголемени редици на бензинските пумпи, што дополнително ја нагласува сериозноста на енергетската состојба.