Размени на жестоки ракетни напади го потресоа Блискиот Исток и утрово. Ерусалим и Тел Авив одекнуваа од експлозии, додека Израелската армија алармираше за нова иранска офанзива насочена кон разузнавачки бази во срцето на Израел. Нападите ги вклучија и објектите во технолошкиот парк Гав-Јам, веднаш до цивилни зони како што е болницата Сорока.
Истовремено, Израел возврати со бомбардирање на објекти околу иранскиот нуклеарен реактор Хондаб, дел од спорната нуклеарна програма на Техеран. Оваа ескалација доаѓа во момент кога американскиот претседател Доналд Трамп веќе ги има одобрено воените планови за напад врз Иран – но сè уште чека финален потег од Техеран.
„Не се предаваме! САД ќе ја платат цената ако тргнат во напад“, предупреди иранскиот врховен лидер, ајатолахот Али Хамнеи, откако Волстрит џурнал објави дека Белата куќа е само чекор до активирање на воена интервенција.
Ситуацијата е на раб на тотален конфликт, додека светот со страв го следи секој следен потег на трите најмоќни актери во регионот.