ПРВ.мк
Свет

12 ЗАГИНАТИ ПО НАПАД ВРЗ САУДИСКИ АЕРОДРОМ! Хутите испратија нова порака до авиокомпаниите и патниците

12 ЗАГИНАТИ ПО НАПАД ВРЗ САУДИСКИ АЕРОДРОМ! Хутите испратија нова порака до авиокомпаниите и патниците

Јеменските бунтовници Хути повторно упатија сериозно предупредување до авиокомпаниите, вработените на аеродромите и патниците да не ги користат аеродромите во Саудиска Арабија. Пораката следува еден ден по нападот врз меѓународниот аеродром „Крал Калид“ во Ријад, во кој, според податоците на саудиските власти, загинале 12 лица, а 309 биле повредени.

Хутите нагласиле дека нивното предупредување треба да се сфати сериозно, повикувајќи ги сите што се поврзани со воздушниот сообраќај да ги избегнуваат саудиските аеродроми.

Според информациите што ги пренесува „Ројтерс“, бунтовниците ја обвиниле Саудиска Арабија за, како што тврдат, неуспешните обиди за пресретнување на проектилите што ги лансирале кон Ријад.

И покрај ова, Хутите засега не ја презеле одговорноста за нападот врз аеродромот, што дополнително ја остава неразјаснета позадината на инцидентот.

Реакција пристигнала и од саудиската коалиција, која е вклучена во конфликтот против Хутите во Јемен. Од коалицијата нападот го оцениле како „воено злосторство од големи размери“.

Нејзиниот портпарол, Турки ал-Малики, го опишал настанот како „терористички чин“ и најавил силен одговор.

Нападот со голем број загинати и повредени и новите закани за воздушниот сообраќај дополнително ги зголемуваат безбедносните тензии во регионот.

Најнови вести