Австралија воведе шестмесечна забрана за влез на ирански туристи, поради загриженост дека дел од привремените посетители можеби „нема да сакаат или нема да можат да ја напуштат земјата“ кога ќе им истече визата, објасни министерот за имиграција Бурк.
Забраната стапува на сила во четврток и се однесува само на краткорочни туристички визи. Долгорочните визи, како и лица со семејство во Австралија, се исклучени од мерката. Според официјалните податоци, околу 7.000 ирански државјани моментално имаат туристичка виза за Австралија.
Одлуката предизвика критики од дел од политичарите и активистите. сенатор Дејвид Шубриџ од Зелените ја нарече забраната „брутална и неправедна“, предупредувајќи дека со овој потег се спречува Иранците да побараат азил на австралиска почва, како што направија членките на женската фудбалска репрезентација на Иран.
Мерката следи кратко откако Австралија им додели политички азил на седум членови на иранската женска фудбалска репрезентација, и ја отвора дебатата за националната безбедност и хуманитарните обврски на земјата.


















