ПРВ.мк
Свет

ТЛОТО НЕ МИРУВА: Земјотрес од 5,1 степени го разбуди регионот - еве каде беше епицентарот!

ТЛОТО НЕ МИРУВА: Земјотрес од 5,1 степени го разбуди регионот - еве каде беше епицентарот!

Земјотрес со јачина од 5,1 степен според Рихтеровата скала ја погоди Јапонија денес, соопшти Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар (European-Mediterranean Seismological Centre).

Земјотресот бил регистриран во морето, во близина на архипелагот Рјуку острови, на длабочина од околу 10 километри и на приближно 187 километри од Окинава.

Според првичните информации, засега нема извештаи за повредени лица или причинета материјална штета. Надлежните органи не издале предупредување за цунами.