ПРВ.мк
Свет

Фон дер Лајен откри: Една третина од оружјето за Украина доаѓа од Бугарија, Европа инвестира милијарди

Фон дер Лајен откри: Една третина од оружјето за Украина доаѓа од Бугарија, Европа инвестира милијарди

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, денеска ја посети најголемата државна воена фабрика во Бугарија – „Вазовски машиностроителни заводи“ ЕАД во Сопот, истакнувајќи ја клучната улога на земјата во европската одбранбена индустрија и поддршката за Украина. Таа рече дека една третина од оружјето што пристигнува во Украина доаѓа токму од Бугарија и додаде дека Европската унија ќе инвестира 150 милијарди евра во заеднички набавки за одбранбената индустрија.

Посетата вклучи разгледување на производствените капацитети и најави отворање на околу 1.000 нови работни места, со зголемување на производството на муниција за испорака на два милиони гранати до крајот на годината. Претседателката потенцираше дека Украина мора да стане „како челичен еж“ во услови на продолжувањето на војната, која влегува во четврта година.

Премиерот Росен Желјазков нагласи дека европската соработка во безбедноста и технологијата е клучна за регионот, а лидерот на ГЕРБ, Бојко Борисов, додаде дека новите фабрики ќе произведуваат гранати и современ барут, истакнувајќи дека силната одбрана е предуслов за почитување.

Посетата на Фон дер Лајен е дел од турнеја низ седум земји блиску до фронтот на војната во Украина, при што беа разгледани и можностите на Бугарија во рамките на европскиот безбедносен механизам „Safe“ и партнерството со германскиот концерн „Рајнметал“ за нови производни капацитети.

Escape

Најнови вести

Escape
Mia Home Mavrovo
Escape