Најмалку седум лица синоќа загинаа, а 27 други се повредени по детонацијата на конфискувани експлозиви во полициска станица во индискиот дел на Кашмир.
Поголемиот дел од жртвите биле полицајци и форензичари, кои во моментот го испитувале складираниот експлозив. Според првичните информации, петмина од повредените се во критична состојба, па бројот на жртви може да се зголеми.
Овој инцидент се случи само четири дена по смртоносната експлозија на автомобил-бомба во Њу Делхи, во која загинаа најмалку осум лица. Индиските власти нападот во престолнината го класифицираа како терористички чин.
















