Најмалку 22 лица се повредени при експлозија во индустриската зона на аргентинскиот град Езеиза.
Градоначалникот на Езеиза, Гастон Гранадос, изјави дека експлозиите и пожарот во неколку објекти се ужасни, додавајќи дека причината за инцидентот сè уште не е утврдена.
– „Се обидуваме да го ставиме огнот под контрола и да го изгаснеме, но сè уште не успеваме“, изјави Гранадос.
Според локалните медиуми, пожарот зафатил најмалку пет објекти, а индустриската зона е сместена во близина на меѓународниот аеродром во Езеиза. Таму се наоѓаат различни компании, вклучувајќи производители на гуми, хемиски фабрики и магацин на компанијата „Ајрон Маунтин“, која се занимава со архивирање на документи и податоци, изјави Фабијан Гарсија, директор на Канцеларијата за цивилна заштита на покраината Буенос Аирес.
















