ПРВ.мк
Свет

„Продолжи сама“ – последните зборови на пилотот пред да скокне од авионот - девојка раскажува страшни детали

„Продолжи сама“ – последните зборови на пилотот пред да скокне од авионот - девојка раскажува страшни детали

Несекојдневна трагедија се случила во Аргентина, каде што пилот-инструктор загинал откако скокнал од мал авион за време на тренажен лет, додека неговата 22-годишна ученичка успеала сама безбедно да го приземји леталото.

Инцидентот се случил во близина на градот Толедо, во аргентинската провинција Кордоба. Во авионот „Цесна C-150“ се наоѓале 42-годишниот инструктор Леандро Бертако и неговата студентка.

Според нејзината изјава, инструкторот во еден момент ѝ рекол дека знае што треба да направи, ги симнал слушалките, го откопчал безбедносниот појас, ја отворил вратата на авионот и скокнал.

И покрај шокот, младата пилотка останала прибрана, испратила порака за итна состојба и успешно го вратила авионот на аеродромот од кој полетале, каде што безбедно слетала.

Телото на Бертако било пронајдено околу 20 минути подоцна на поле во близина на местото што го посочила студентката.

Директорот на школата за летање „Flying Papagal Cordoba“, Едуардо Алварез, изјави дека никој не очекувал ваков трагичен развој на настаните, опишувајќи го инструкторот како насмеан и професионален човек.

Надлежните водат истрага за случајот. Се проверуваат техничката исправност на авионот, комуникациите за време на летот, како и сите околности што можеле да доведат до трагедијата. Локалните медиуми објавија и дека инструкторот посетувал невропсихијатар, но засега не е утврдено дали тоа има поврзаност со случајот.

Од школата за летање ја пофалија студентката за нејзината присебност и професионална реакција, истакнувајќи дека во исклучително тешка ситуација успеала безбедно да го приземји авионот.