ПРВ.мк
Спорт

Ждрепката што може да ја смени историјата: Македонија пред судбински ривали во Лигата на нациите!

Ждрепката што може да ја смени историјата: Македонија пред судбински ривали во Лигата на нациите!
Kristal

Македонската фудбалска репрезентација на 12 февруари во Брисел ќе го дознае својот пат во новото издание на Лигата на нациите, а овој датум може да биде клучен за иднината на „црвено-жолтите“. За првпат во историјата, Македонија ќе настапува во Лига Б – второто најсилно ниво во натпреварувањето, што носи поголем предизвик, но и поголема шанса за докажување.

Нашата селекција ќе биде сместена во четвртиот шешир, заедно со Шведска, Северна Ирска и Косово, што автоматски значи дека овие репрезентации нема да ни бидат противници во групната фаза.

Според сите пресметки, најреалното сценарио е Македонија да се сретне со Босна и Херцеговина. Причината е политичка – БиХ не може да игра со Косово, па извесно е да заврши во група со Македонија, Шведска или Северна Ирска.

Од најсилниот, прв шешир, можни ривали ни се Шкотска, Унгарија, Полска или Израел – селекции со сериозно европско искуство. Во вториот шешир, покрај Босна и Херцеговина, се наоѓаат и Швајцарија, Австрија и Украина, додека третиот шешир носи имиња како Словенија, Грузија, Република Ирска и Романија.

Новата авантура започнува во септември, а Македонија ќе одигра по два натпревари со секој противник – еден на домашен терен и еден на гости, во борба за што повисок пласман и нов историски успех.

FixCredit
FixCredit
Escape
Mia Home Mavrovo