ПРВ.мк
Спорт

(ВИДЕО) Револуција во фудбалот: Жолтите и црвените картони заминуваат во историјата?

(ВИДЕО) Револуција во фудбалот: Жолтите и црвените картони заминуваат во историјата?

Фудбалот би можел да добие уште една технолошка новина, откако во Уругвај за првпат беше тестиран електронски уред за покажување жолти и црвени картони.

Необичната сцена се случила за време на натпреварот од Купот на Уругвај меѓу Насионал и Рентистас, кој завршил со победа на Насионал од 3:0.

Во еден момент, наместо класичниот жолт картон, судијата подигнал уред што наликува на паметен телефон, на чиј екран била прикажана жолта боја.

Станува збор за експериментален систем што го тестира Уругвајскиот фудбалски сојуз, со цел да се дигитализира начинот на кој судиите ги покажуваат дисциплинските казни.

Според замислата, наместо традиционалните картони, судиите би користеле електронски уред на кој ќе се прикажува соодветната боја.

Новата технологија предизвикува интерес, но отвора и прашање дали ваквата промена навистина е потребна.

Жолтите и црвените картони со децении се препознатлив дел од фудбалот. Тие се едноставни, евтини и разбирливи за играчите и гледачите ширум светот.

Со воведувањето на ВАР-технологијата и системите за гол-линијата, фудбалот веќе претрпе значајни промени, а овој експеримент претставува уште еден обид за модернизација.

Засега станува збор исклучиво за тестирање и нема официјална одлука дека електронските уреди ќе ги заменат класичните жолти и црвени картони.


Видео: