ПРВ.мк
Спорт

ВАРДАР НА ВРВОТ: Тешок пораз за Тиквеш, Вардар славеше со 7:0 - еве кои ги постигнаа головите!

ВАРДАР НА ВРВОТ: Тешок пораз за Тиквеш, Вардар славеше со 7:0 - еве кои ги постигнаа головите!

ФК Вардар уште еднаш ги потврди шампионските амбиции, откако во 29. коло од Првата лига убедливо го совлада ФК Тиквеш со 7:0 на Национална арена Тодор Проески.

Со оваа убедлива победа, „црвено-црните“ се зацврстија на врвот на табелата со 71 бод, додека Тиквеш остана на 40 бодови.

Домашниот тим тргна силно уште од почетокот – Цветковиќ погоди во 3. минута, а предноста ја зголемија Горан Закариќ во 25. и Дарко Велковски во 29. минута. До крајот на првото полувреме, Георгије Јанкулов донесе високи 4:0.

Дополнителен проблем за гостите беше исклучувањето на Данаил Тасев, по што Тиквеш остана со играч помалку.

Во второто полувреме Вардар продолжи со доминацијата – Цветковиќ постигна уште еден гол за 5:0, капитенот Азер Омерагиќ зголеми на 6:0, а потоа од пенал го постави конечниот резултат 7:0.

Натпреварот помина и во одлична атмосфера на трибините, каде Комити Скопје приредија впечатлива кореографија, додека гостинските навивачи „Лозари“ дадоа поддршка на својот тим до самиот крај.