ПРВ.мк

Вардар шести пат во историјата го освои Купот на Македонија

Вардар шести пат во историјата го освои Купот на Македонија
Vero

Фудбалерите на Вардар се новите освојувачи на Купот на Македонија за сезоната 2024/25. Црвено-црните во финалниот натпревар одигран против Струга Трим Лум славеа со сигурни 2:0, обезбедувајќи го шестиот трофеј во својата клупска историја и прв по пауза од цели 18 години.

Херој на финалето беше младиот напаѓач Талевски, кој ги постигна двата гола – првиот во 26. минута, а вториот непосредно по почетокот на второто полувреме, во 48. минута, осигурувајќи му го на Вардар заслужениот триумф.

Иако резултатот на крајот изгледа убедливо, Струга имаше неколку сериозни шанси, особено во првото полувреме. Најблиску до водство беа Укпа, Радески и Кривањева, кои не успеаја да реализираат додека резултатот сè уште беше 0:0. По водството на Вардар, Доминго ја погоди стативата, но стружани не успеаја да се вратат во игра.

За стратегот на Вардар, Гоце Седлоски, ова е прв освоен трофеј во националниот куп. Неговиот колега на спротивната клупа, Илчо Ѓорѓиоски, не успеа да го освои пехарот ниту во своето второ финале.

Со оваа победа, Вардар обезбеди учество во квалификациите за УЕФА Конференциската лига, што претставува дополнителна награда за одличната сезона.

ELS
Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран