ПРВ.мк

Почина 25-годишниот мотоциклист повреден во несреќата на „Џон Кенеди“

Почина 25-годишниот мотоциклист повреден во несреќата на „Џон Кенеди“
Vero

По тешката сообраќајна несреќа што се случи на 9 мај во вечерните часови на улицата „Џон Кенеди“ во Скопје, почина 25-годишниот мотоциклист А.Ц., кој беше тешко повреден во судирот.

Несреќата се случила околу 21:20 часот, кога дошло до директен судир помеѓу патничко возило марка „Рено“, со скопски регистарски ознаки, управувано од 57-годишниот Ф.А. од селото Визбегово, и мотоцикл марка „БМВ“ со кој управувал младиот скопјанец.

Повредениот мотоциклист итно бил пренесен во Комплексот клиники „Мајка Тереза“, каде, и покрај напорите на лекарите, по неколкудневна борба им подлегнал на повредите.

Министерството за внатрешни работи информираше дека на 10 мај, околу 00:30 часот, полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода возачот на автомобилот. Против него ќе биде поднесена кривична пријава по итна постапка.

ELS
Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран