Вчера во 10:50 часот во СВР Тетово е пријавено дека на бул.„Илинденска“ во Тетово, патничко возило „бмв“ со тетовски регистарски ознаки, управувано од Р.А.(19) од Тетово удрило во пешакот И.Ф.(81) од с.Мала Речица, тетовско. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил пешакот, констатирани во Клиничката болница Тетово.
Од полицијата посочуваат дека бил извршен бил увид од увидна екипа на СВР Тетово.