Само неколку часа пред вечерашното „Ел Класико“ меѓу Барселона и Реал Мадрид, тренерот на каталонскиот клуб Ханси Флик се соочи со голема семејна трагедија.
Според информациите објавени попладнево, починал неговиот татко. И покрај тешката ситуација, Флик сепак ќе остане со тимот и ќе ја води Барселона на големото дерби против Реал.
Барселона веднаш испрати официјална порака со сочувство и поддршка до својот тренер и неговото семејство.
Од клубот порачаа дека целото семејство на Барселона стои зад Флик во овие тешки моменти и сочувствува со неговата болка.
Веста предизвика бројни реакции и пораки за поддршка од навивачи и фудбалски јавни личности ширум светот.









