ПРВ.мк

Сведоштвата на судењето открија грозоморни детали: „Марадона беше починат повеќе од два часа, куќата беше многу нечиста“

Сведоштвата на судењето открија грозоморни детали: „Марадона беше починат повеќе од два часа, куќата беше многу нечиста“
VERO Banner

Судењето на обвинетите за убиство од небрежност во случајот со смртта на легендарниот Диего Армандо Марадона продолжи, а сведочењето на неговиот сосед, лекарот Колин Кембел, го шокираше судот.

Кембел, кој бил повикан од обезбедувањето во куќата на Марадона во трагичната ноќ, изјави дека во домот на фудбалската икона немало дефибрилатор или други неопходни медицински апарати, кои се потребни за нега на лице што неодамна имало операција. Тој додаде дека куќата била многу нечиста, особено собата во која се наоѓал Марадона, и дека немало основни хигиенски услови ниту медицински апарати.

Според неговите зборови, во ноќта на смртта на Марадона, на 25 ноември 2020 година, кога Кембел пристигнал во домот, наишол на медицинска сестра која се обидувала да го оживее 60-годишниот фудбалер, но тој веќе бил мртов, најверојатно уште еден или два часа.

Ова сведочење беше потврдено и од лекарот Хуан Карлос Пинто, кој пристигнал како дел од Брзата помош малку подоцна.

Agria
Stenton
Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран