ПРВ.мк

Иџе ќе оддаде почит на жртвите во Кочани – ќе вози со црна боја на својот автомобил

Иџе ќе оддаде почит на жртвите во Кочани – ќе вози со црна боја на својот автомобил
Jumbo Banner

Најдобриот македонски автомобилист, Игор Стефаноски-Иџе, во следните трки низ Европа ќе настапува со црна боја на својот автомобил како израз на почит за жртвите во трагедијата во Кочани.

Трагедијата која ја потресе целата земја предизвика голема болка, а многумина на свој начин оддаваат почит на настраданите.

Задниот дел на автомобилот на Иџе ќе биде обоен во црна боја како симбол на почит.

„Црна боја на моето возило со кое ќе настапувам на трките низ Европа како знак на почит кон оние што ги загубија животите во оваа страшна несреќа. Ова не е само боја – ова е порака на сочувство, солидарност и поддршка за нивните семејства и најблиски. Некои победи се на патеката, но вистинските победи се кога сме заедно во тешките моменти“, објави Иџе.

Agria
Stenton
Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран