Американската инфлуенсерка Реми Бадер неодамна откри дека имала операција на гастричен бајпас, што предизвика бројни критики и контроверзи откако ја призна својата постапка на поткастот на Клои Кардашијан. Пред ова, Бадер не сакала да открие дека не ослабела природно, што доведе до обвиненија од нејзините следбеници дека “чекала да биде платена” пред да ја сподели својата приказна.
Многу корисници на социјалните мрежи ја обвинија за блокирање на луѓе кои ја прашувале за операцијата. „Таа со месеци блокираше толку многу луѓе кои го прашуваа ова во коментарите“, напишал еден следбеник.
Во интервјуто, Бадер објаснила дека пред да се подложи на операцијата, пробала други методи за слабеење, но дека Оземпик не и помогнал. Таа открила дека изгубила повеќе од 63 килограми за помалку од една година и признала дека било збунувачки да се навикне на трансформацијата на своето тело.
„Никогаш не мислев дека ќе биде толку брзо. Никогаш не сакав да бидам оваа големина“, признала таа.
За време на закрепнувањето, Бадер открила дека процесот бил многу тежок и вклучувал недели на повраќање, што ја довело до „длабока депресија“. „Западнав во многу длабока депресија и тоа беше најстрашниот период во мојот живот. Не можев да им кажам на луѓето. Навистина сакав да умрам“, искрено споделила таа.