Поранешниот министер за надворешни работи Бујар Османи застана во одбрана на својот сопартиец од ДУИ и ексминистер за економија Крешник Бектеши, еден од приведените за трагедијата во Кочани.
„Крешник Бектеши е политички затвореник и редок случај кадешто Албанците и Македонците се согласуваат за неправдата што му се прави.
Само скршениот ум и срце може да го провоцира неговото семејство на овој низок начин.
Да се напаѓаат адвокати само затоа што бранеле други личности е одвратно и длабоко неморално.
Некогаш во политиката имаше минимум достоинство – денес некои покажуваат дека го немаат“, порача Османи на Фејсбук.