ПРВ.мк
Спорт

ШОК ЗА ГЛЕДАЧИТЕ ВО МАКЕДОНИЈА! МРТ остана без Светското првенство – еве каде ќе се гледа Мундијалот 2026

ШОК ЗА ГЛЕДАЧИТЕ ВО МАКЕДОНИЈА! МРТ остана без Светското првенство – еве каде ќе се гледа Мундијалот 2026

Фудбалското Светско првенство 2026, кое ќе се одржи од 11 јуни во САД, Мексико и Канада, првпат од осамостојувањето нема да биде пренесувано на Македонската радио телевизија (МРТ). Листата со носителите на правата за пренос го потврди тоа – меѓу нив ја нема националната телевизија.

Правата за просторот на поранешна Југославија (освен Хрватска) ги обезбеди регионалната спортска телевизија Арена ТВ, преку која македонските љубители на фудбалот ќе можат да ги следат сите средби од Мундијалот. Според најавите, ќе постои и македонска верзија на каналот, со коментари на македонски јазик, што ќе овозможи локалната публика да го доживее првенството во сопствен контекст.

Ова е втор голем фудбалски настан кој нема да се емитува на националниот сервис – по Европското првенство во 2008 година, кое беше пренесувано на телевизија Алсат.

Одлуката отвора нова страница во спортското новинарство во Македонија, каде приватните и регионалните канали сè повеќе ја преземаат улогата на носители на големи спортски преноси. За навивачите, тоа значи промена на навиките, но и можност да се запознаат со нови платформи и начини на следење на најголемиот светски фудбалски спектакл.