ПРВ.мк

СЕЛЕКТОРОТ НА ВЕЛС: СОЧУСТВУВАМЕ СО МАКЕДОНСКИОТ НАРОД

СЕЛЕКТОРОТ НА ВЕЛС: СОЧУСТВУВАМЕ СО МАКЕДОНСКИОТ НАРОД
VERO Banner

Крег Белами, селекторот на Велс и поранешен фудбалер на Ливерпул, Манчестер Сити… изрази сочувство на денешната пред конференција пред утрешниот натпревар.

„Пред се, би сакал да изразам сочувство на семејствата на жртвите на трагедијата во Македонија. Знаеме низ што поминува земјата и целиот народ, ние во Велс се имаме соочено со многу трагедии, па сакам во името на целиот Велс да кажам дека жалиме со вас заради трагедијата.

Тешко е да се зборува за фудбал во ова време. Македонија е голем предизвик, а лигата Ц е поинаква од лигата Б. Ми се допадна мечот кој Македонија го одигра со Хрватска, контранападите им се силна страна и сигурно е дека ќе биде интересен меч.

Исто така, Македонија ќе биде многу мотивирана“, изјави селекторот Белами.

Agria
Stenton
Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран