ПРВ.мк

Ивановски успешно ги заврши квалификациите во Опатија

Ивановски успешно ги заврши квалификациите во Опатија
VERO Banner

Македонскиот тенисер Калин Ивановски успеаја да се пласира на главниот турнир на ИТФ М15 Опатија што се игра за награден фонд од 15.000 долари. Тој по трите победи во квалификациите ќе ги продолжи мечевите.

Најголе проблем за Ивановски, како и за организаторот и за другите тенисери беше дождот, поради кој предвидената програма имаше многу измени, па така македонскиот тенисер денеска имаше два меча. За пласман на главниот турнир во финалето од квалификациите го совлада Грегор Рамскоглер (трет носител) од Австрија со 2-0 во сетови (63 64), а во првиот денешен меч во втората рунда од квалификациите го надигра Ахилес Белкович од Унгарија со 2-0 во сетови (61 63). Најтешкиот противник македонскиот тенисер го имаше во првата рунда квалификации кога по голема борба го совлада Макс Батуенко од Украина со 2-1 (76(1) 36 и 10-8 на поени во решавачкиот сет).

Ивановски го очекува противникот во првото коло, а мечот ќе се игра утре. Македонскиот тенисер претходната недела имаше настап на Челинџер трурнирот во Задар.

Горазд Србљак пак настапи во квалификациите на фјучрсот во Аламинос што се игра за награден фонд од 15.000 долари. Србљак денеска во финалето од квалификациите загуби од Никола Парициа од Швајцарија со 2-0 во сетови (63 62), додека во првата рунда го совлада Маркос Јаковидес од Кипар со 2-0 во сетови (63 62).

Agria
Stenton
Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран