ПРВ.мк

Распишан конкурс за избор на национален дрес

Распишан конкурс за избор на национален дрес

Сојузот на спортски федерации на Македонија објави јавен конкурс за избор на унифициран национален дрес на сите репрезентации, во сите спортови.

Дизајнот треба да содржи автентични македонски национални обележја и да биде применлив и функционален.

„Да не бидеме шарени, туку унифицирани и насекаде препознатливи. Твоја идеја, твој потпис!“ – порачуваат од Сојузот на спортски федерации на Македонија.

Како што објавува ССФМ, најдобрите три дизајни ќе бидат наградени и тоа со 50.000 денари, 30.000 денари и 20.000 денари. Конкурсот трае до 15 мај, а идејните решенија треба да се испратат на е-мејлот: [email protected].

Vero
Agria