ПРВ.мк

Пиастри првпат лидер: Победа во Џеда и врв во генералниот пласман

Пиастри првпат лидер: Победа во Џеда и врв во генералниот пласман

Оскар Пиастри ја забележа својата трета победа сезонава во Формула 1, откако доминираше на трката за Големата награда на Саудиска Арабија. Австралиецот стартуваше од втората позиција, но брзо и решително го престигна Макс Верстапен, по што водството не му беше загрозено сè до крајот.

Патеката во Џеда нудеше предизвици, особено поради високите температури и условите кои бараа максимум од физичката и менталната подготвеност на возачите. Пиастри по трката истакна дека ова била „најтешката трка сезонава, можеби и во кариерата“, алудирајќи на напорот кој го вложи за да стигне до победата.

„Имавме тежок старт. Беше тешко да го следам Макс, но по пит-стопот имав чист воздух и тоа го искористив. Ова беше еден одличен викенд за Мекларен и за мене лично. Направив голем чекор напред“, изјави Пиастри.

Со оваа победа, возачот на Мекларен го презеде водството во генералниот пласман со 99 поени, првпат во својата кариера. Неговиот тимски колега Ландо Норис е втор со 89, додека актуелниот шампион Верстапен сè повеќе се соочува со конкуренција каква што долго време не беше видена.

Vero

Пиастри покажува зрелост и стабилност која ретко се гледа кај млад возач, а сезонава би можел да биде сериозен кандидат за титулата – нешто што пред само неколку месеци изгледаше како далечна можност.

Agria