Авион на „Делта ерлајнс“ кој требаше да полета од пистата на аеродромот во Орландо попладнево ненадејно се запали, поради што патниците беа евакуирани.
Шокантна видео снимка го прикажува моментот кога патнички авион се запалил додека бил паркиран на пистата.
Од него одеднаш почна да излегува чад, објави Ерлајв. Патниците биле итно евакуирани.
Неофицијално, пламенот избувнал од еден од моторите на авионот.