Папата Франциск почина од мозочен удар и срцева слабост
Папата Франциск почина од последици на мозочен удар и потоа неповратна срцева слабост, соопшти Ватикан. Смртта настапила помалку од еден месец откако беше отпуштен од болница, каде што 38 дена се бореше со тешка билатерална пневмонија.
Последен пат јавно се појави на Велигден, кога ги поздрави верниците на плоштадот Свети Петар во Ватикан – гест кој се покажа како негово последно обраќање. Иако поради здравствената состојба во повеќе наврати носеше назална канила за кислород, на тоа појавување папата се појави без медицинска поддршка, поминувајќи покрај повеќе од 35.000 верници.
Според нормите од апостолскиот устав Universi Dominici Gregis, погребот на поглаварот на Католичката црква треба да се одржи меѓу четвртиот и шестиот ден по неговата смрт. Официјалната потврда за смртта е закажана за вечерва во 20 часот, па според тоа, се очекува погребната церемонија да се одржи во сабота, на 26 април, објави италијанската агенција АНСА.
Точниот датум ќе биде утврден на првата Конгрегација на кардиналите.
Папата Франциск почина во 89-та година од животот.