ПРВ.мк

Меџити: Го слушнавме опозицискиот албански гласач, обединувањето е неизбежно

Меџити: Го слушнавме опозицискиот албански гласач, обединувањето е неизбежно

Првиот вицепремиер на владата, Изет Меџити, во своето денешно гостување на „Тема на денот“, првиот вицепремиер на Владата, Изет Меџити, беше запрашан за процесот на спојување на партиите од коалицијата ВЛЕН во една партија.


„На површина излегува дека и проблемот бил тоа. Успехот на ВЛЕН е во тоа што го слушна опозицискиот албански гласач дека треба да се сплотат, спојат, обединат ако сакаме да имаме резултати и победиме ДУИ.“ истакна првиот вицепремиер. „Ако тогаш беше тој глас, од почеток досега, тие цело време бараат една партија. “ – додаде тој.


„Очигледно е дека еден од главните проблеми за тоа бил Таравари“ изјави Меџити, запрашан кој го кочел процесот на формирањето на партија и ги истакна „индивидуалните и партиските“ мотиви на актуелниот претседател на едното крило на Алијансата на Албанците.
Тој истакна дека никој нема право да ги присвојува гласовите освоени од ВЛЕН и дека секој има придонесено за успехот на ланските парламентарни избори.

Agria