Првиот вицепремиер Изет Меџити истакна дека актуелната влада ужива целосна стабилност и нема никаква причина земјата да оди на предвремени избори.
„Мнозинството е стабилно, имаме речиси ⅔ од пратениците. Не гледам никаква потреба владата да троши милиони евра за непотребни избори,“ изјави Меџити во емисијата „Топ Тема“ на Сител.
Тој додаде дека следниот фокус на коалицијата ќе бидат локалните избори, каде што, според него, ВЛЕН ќе излезе како апсолутен победник. Меџити рече дека за таа цел, коалицијата ќе соработува и со невладини организации, а доколку има потреба, и со надпартиски кандидати во некои општини.