Полицијата ќе поднесе соодветна пријава по целосно документирање на случајот и во координација со јавен обвинител.
Жител од скопско Танушевци е приведен поради превезување стока без документација, соопшти Министерството за внатрешни работи.
Завчера околу 19.20 часот во селото Побожје, општина Чучер Сандево, полициски службеници запреле товарно возило „мерцедес“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Е.А., на возраст од 48 години, од скопското село Танушевци.
„При преглед и контрола во возилото, пронајдени биле 192 пакети со стока за што лицето не поседувало никаква документација. Поради сомнение за сторено кривично дело „криумчарење“ по член 278 од Кривичниот законик, Е.А. бил лишен од слобода и заедно со возилото бил спроведен во полициска станица“, се наведува во соопштението.
Полицијата ќе поднесе соодветна пријава по целосно документирање на случајот и во координација со јавен обвинител.