Али Ахмети и Арбен Таравари имаа две, или три директни средби, нивните контакти не беа само разговор преку телефон! Јас не го знаев ова, но добив информации за тоа.“ – изјави Зијадин Села, лидерот на крилото во Алијансата за Албанците во емисијата „Клик Плус“ на ТВ 21, коментирајќи ја изјавата на Арбен Таравари, кој негираше дека имал средба со лидерот на ДУИ Ахмети и тврдеше оти со него имал само телефонски разговор.
Во ова тврдење на Зијадин Села, кое го пренесе ТВ 21, не појаснил и што евентуално разговарале Ахмети и Таравари на неколкуте средби, ако е ова точна информација.