ПРВ.мк

Финансиски хороскоп за Мај – 2025: Припадниците на овие 6 хороскопски знаци ги очекува најголема заработка

Финансиски хороскоп за Мај – 2025: Припадниците на овие 6 хороскопски знаци ги очекува најголема заработка

Во мај 2025 година се отвора астролошкиот „портал на просперитетот“, а шест хороскопски знаци имаат најголеми шанси да остварат значајни добивки – дури и на лотарија.

Благодарение на реткото порамнување на Јупитер и Венера, месец мај ќе биде под силно влијание на космичка енергија што, според астролошката Марја Томпсон, претставува најповолен период за финансиски добивки од 2018 година наваму. Ова астролошко порамнување, познато како „портал на просперитетот“, најмногу ќе им оди во прилог на следниве шест хороскопски знаци:

Стрелец

На врвот на листата се наоѓа Стрелец, бидејќи неговиот лидер Јупитер оформува тригон со Венера токму во секторот на финансии. Додатните аспекти со Уран носат можност за ненадејни добивки, особено во периодот од 12 до 18 мај.

Vero

Бик

Венера, која владее со Бик, транзитира низ неговиот сопствен знак и формира силни аспекти со Јупитер и Плутон. Идеалниот период за Биковите да се обидат со среќа е од 8 до 15 мај.

Лав

Со Сончевата енергија што добива позитивни влијанија од Јупитер и Уран, Лавот е подготвен за големи манифестации. Најповолни денови се од 18 до 25 мај.

Риби

Интуицијата кај Рибите сега е на врвот – поддржани од Нептун, можат преку соништа или медитација да добијат важни увиди. Нивните среќни денови се од 5 до 12 мај.

Водолија

Под власта на иновативниот Уран, Водолиите имаат зголемена среќа од 22 до 29 мај, кога Уран ќе влезе во хармонични аспекти со Јупитер и Венера.

Јарец

Иако е познат по практичноста, Јарецот ќе има корист од ретките, но стабилни аспекти кои ги прави Сатурн со планетите на среќата. Успехот доаѓа кога ќе го комбинираат ризикот со внимателно испланирана стратегија.

Agria