ПРВ.мк

Маж се удавил во езеро откако сопругата му кажала дека на гости за Велигден ќе дојде нејзината мајка !!

Маж се удавил во езеро откако сопругата му кажала дека на гости за Велигден ќе дојде нејзината мајка !!

Нуркачите од дното на едно руско езеро го извлекле телото на 43-годишен Русин, кого неговата сопруга цела ноќ неуспешно се обидувала да го добие.

Мажот заминал од дома претходната вечер, откако се скарал со сопругата за нејзината мајка.

Според медиумите, жената во петокот наутро отишла во полиција велејќи дека телефонот на нејзиниот сопруг е исклучен. Фактот што мажот не контактирал повеќе од 8 часа бил алармантен.

Несреќниот човек ги изгубил нервите кога сопругата му рекла дека мајка ѝ доаѓа на гости за Велигден. Московјанецот бил толку вознемирен од оваа вест што се скарал со својата сакана и ја предупредил дека ќе оди до езерото и ја треснал вратата.

Vero

До утрото сопругата не добила никаква вест од него. Кога повикала полиција, нуркачите почнале да трагаат и го извлекле телото на несреќниот маж од водата.

Agria