Сите преостанати натпревари од Серија А одложени поради смртта на папата Франциск
Италијанската фудбалска федерација соопшти дека сите преостанати натпревари од 33. коло на Серија А се одложени поради смртта на поглаварот на Римокатоличката црква, папата Франциск.
Ова значи дека викендов нема да има фудбал во Италија – не само во Серија А, туку и во сите останати лиги.
Меѓу одложените натпревари е и оној помеѓу Јувентус и Парма. Освен тој меч, нема да се одиграат ниту дуелите Торино – Удинезе, Каљари – Фиорентина и Џенова – Лацио.
Челниците на лигата најавија дека новите термини за овие натпревари ќе бидат објавени дополнително.
Поголемиот дел од колото беше веќе одигран, а најголемо изненадување приреди Болоња со победата против Интер, со што дополнително се влоши ситуацијата на врвот од табелата.