Компанијата „Ford Motor“ соопшти дека ги прекинала испораките на своите теренци, пикапи и спортски автомобили во Кина бидејќи почнува да ги чувствува негативните ефекти од новите тарифи со кои се соочуваат возилата со даноци до 150%, пренесе Ројрес
„Го прилагодивме нашиот извоз од САД во Кина во однос на сегашните царини“, се вели во соопштението на Форд, кој ја прекина испораката во Кина на F-150 Raptor, Mustang, Bronco од Мичиген и Lincoln Navigators од Кентаки.
Ова доаѓа во моменти кога американските автомобилски компании се обидуваат да најдат начини да се справат со тарифите наметнати од американскиот претседател Доналд Трамп, кои се очекува да го намалат профитот на производителите на автомобили и добавувачите на делови.
Форд е всушност меѓу најдобро позиционираните производители на автомобили во однос на тарифите, бидејќи произведува околу 80% од своите автомобили продадени на американскиот пазар во САД.
Сепак, се очекува компанијата да ги зголеми цените доколку продолжат тарифите, се вели во официјалната е-пошта испратена до дилерите, цитирана од Ројтерс.
Анализата на Центарот за автомобилски истражувања од почетокот на април тврди дека царините од 25 отсто на Трамп за увоз на автомобили ќе ги зголемат трошоците за производителите на автомобили за вкупно околу 108 милијарди долари. само во 2025 година.
Минатата недела Трамп навести дека размислува да ги промени тарифите поврзани со автомобилите, што укажува дека може да дозволи ослободување од постојните давачки.