Некои фудбалери, без разлика на квалитетот, си оставаат траен печат поради својот впечатлив имиџ – а Давид Луиз дефинитивно беше еден од нив.
Сега 37-годишен, поранешниот дефанзивец на Челси, Арсенал и ПСЖ се врати во Бразил и настапува за Форталеза. Но, на најновите фотографии од јужноамериканските терени, Луиз речиси и не може да се препознае.
Навивачите кои го паметат по неговата препознатлива бујна и виткана фризура – симболот на неговиот имиџ од златните денови во Европа – се изненадија од неговиот нов, драстично променет изглед.
Фотографијата која го обиколи светот и предизвика лавина реакции на социјалните мрежи ја сподели и реномираниот фудбалски новинар Фабрицио Романо. Некои се шегуваат дека Луиз, со новата фризура, конечно успеал да се „маскира“ и мирно да прошета без да биде препознаен.
Иако времето помина, се чини дека Давид Луиз и понатаму знае како да биде во центарот на вниманието – иако овојпат не поради потезите на теренот, туку поради стилската трансформација.