ПРВ.мк

Путин излажа: Русија 2.000 пати го прекрши примирјето во Украина

Путин излажа: Русија 2.000 пати го прекрши примирјето во Украина

Украинскиот претседател Володимир Зеленски ја обвини Русија дека го прекршила Велигденскиот прекин на огнот повеќе од 2.000 пати, но исто така нагласи дека немало руски воздушен напад во текот на денот.

„Руската армија го прекрши примирјето што го прогласи (Владимир) Путин повеќе од 2.000 пати. Сепак, денеска немаше предупредување за воздушен напад“, рече Зеленски на Телеграм.

Зеленски предложи да се продолжи примирјето за триесет дена кога станува збор за напади со беспилотни летала и ракетни напади врз цивилната инфраструктура.

„Доколку Русија не се согласи на таков чекор, тоа ќе биде доказ дека планира да продолжи со она што уништува човечки животи и ја продолжува војната“, напиша Зеленски на X.

Vero

Кремљ претходно објави дека рускиот претседател Владимир Путин не издал наредба за продолжување на велигденскиот прекин на огнот во Украина.

Руското Министерство за одбрана објави дека Украина повеќе од илјада пати го прекршила примирјето.

Agria