ПРВ.мк

Кина испрати предупредување до светот: “Подготвени сме да ги браниме нашите интереси”

Кина испрати предупредување до светот: “Подготвени сме да ги браниме нашите интереси”

Кина предупредува: Спремни сме да ги браниме нашите интереси

Кина е подготвена и способна да ги заштити своите национални интереси и повикува на солидарност со сите страни во светот, се наведува во соопштението на кинеското Министерство за надворешни работи.

Оваа недела Пекинг ќе биде домаќин на неформален состанок на Советот за безбедност на ОН, каде што ќе го обвини Вашингтон за заплашување и нарушување на глобалните напори за мир и развој преку користење на царините како политичко оружје, објави Ројтерс.

Американскиот трговски претставник Џејмисон Грир неодамна изјави дека речиси 50 земји искажале загриженост поради новите високи царини наметнати од администрацијата на Трамп. Во меѓувреме, билатерални разговори веќе се во тек: Јапонија размислува да го зголеми увозот на соја и ориз од САД, Индонезија планира сличен потег со храна и суровини, намалувајќи го увозот од трети земји.

Vero

САД исто така воведоа нови царини за кинески бродови, во обид да ја ограничат кинеската доминација во бродоградбата, а истовремено да го забават развојот на кинеските полупроводнички чипови, кои, според Вашингтон, имаат потенцијална воена примена.

Во обид да го зајакне регионалното влијание, кинескиот претседател Си Џинпинг минатата недела посети три југоисточноазиски држави, повикувајќи на отпор против „еднострано малтретирање“. Во напис за виетнамски медиуми, тој порача: „Нема победници во трговските и царинските војни“ – без директно да ги спомене САД.

Agria