ПРВ.мк
Спорт

НОВА ПОБЕДА ЗА МАКЕДОНИЈА: Ивановски победи во Дубровник - ова е неговото рекордно време!

НОВА ПОБЕДА ЗА МАКЕДОНИЈА: Ивановски победи во Дубровник - ова е неговото рекордно време!

Најдобриот македонски маратонец Дарио Ивановски продолжува со одлични резултати, откако триумфираше на полумаратонот во Дубровник.

Ивановски патеката од 21 километар ја истрча за 1:06:30 часот, што претставува негов нов личен рекорд. Со ова време убедливо ги остави зад себе Силвије Томач (1:14:05) и Жељко Цота (1:14:23).

Овој успех доаѓа само една недела по неговото одлично второ место на маратонот во Белград, каде заостануваше само 24 секунди зад победникот Гудет Гемсис.

Со ваквата форма, Ивановски потврдува дека е во врвна кондиција и меѓу најдобрите атлетичари во регионот.