ПРВ.мк
Спорт

НАВИВАЧИ СО ДУША: Комити го откупија дресот на Стојанче Велинов за хуманитарни цели!

НАВИВАЧИ СО ДУША: Комити го откупија дресот на Стојанче Велинов за хуманитарни цели!

Во рамки на настанот беше организирана хуманитарна аукција на дресот на Стојанче Велинов од периодот во Академија Пандев. Највисоката понуда од 23.000 денари ја даде навивачката група Комити, а средствата ќе бидат наменети за изградба на спомен-обележје за жртвите од трагедијата во дискотеката „Пулс“, што беше поздравено со силен аплауз од присутните.

На спортски план, Вардар славеше убедливо со 1-4 против Осогово. Головите за црвено-црните ги постигнаа Закариќ, Тодоровски и Дурански (2), додека единствениот погодок за Осогово беше автогол на Омерагиќ.