ПРВ.мк
Спорт

НАВИВАЧИТЕ НА НОЗЕ: Стартуваше продажбата на карти за Вардар – Монпелје - еве каде можете да купите!

НАВИВАЧИТЕ НА НОЗЕ: Стартуваше продажбата на карти за Вардар – Монпелје - еве каде можете да купите!

РК Вардар официјално ја започна продажбата на билетите за реванш натпреварот против Монпелје во рамки на Европската лига.

Одлучувачкиот натпревар за пласман на завршниот турнир ќе се одигра на 5 мај во Спортски центар Јане Сандански.

Навивачите можат да ги набават билетите преку онлајн платформата TicketX или на билетарницата пред салата во населбата Аеродром.

Интересот за натпреварот е голем уште од првите моменти по почетокот на продажбата, а од клубот очекуваат исполнети трибини и силна поддршка од навивачите.

Посебен акцент се става на поддршката од навивачката група „Комити“, за која во клубот веруваат дека ќе има значајна улога во обидот за елиминација на францускиот тим.

Од Вардар апелираат навивачите да пристигнат порано во салата, со цел да се создаде силна атмосфера и притисок врз противникот.