Лионел Меси, 37-годишниот аргентински фудбалер, постигна нов гол во дресот на Интер Мајами, а неговиот тим на домашен терен ремизираше 1-1 против Торонто во рамките на седмото коло на МЛС лигата.
И двата гола беа постигнати во продолжението на првото полувреме. Гостите поведоа со гол на Италијанецот Федерико Бернадершки, поранешен играч на Фиорентина и Јувентус, додека Меси изедначи на 1-1 во петтата минута од надокнадата.
Меси постигна гол со волеј удар, што му беше трет оваа сезона во МЛС лигата. По одиграни шест натпревари, Интер Мајами има четири победи и двe ремија, а со 14 бода се наоѓа на второто место на табелата на Источната конференција. Единствено Колумбус е пред нив со 15 бода, но има и повеќе одиграни натпревари.