ПРВ.мк
Спорт

Македонските кошаркари го совладаа Луксембург - еве кој е следниот противник!

Македонските кошаркари го совладаа Луксембург - еве кој е следниот противник!
Kristal

Македонската машка кошаркарска репрезентација ја забележа третата победа во третото коло од претквалификациите за Евробаскет 2029, совладувајќи го Луксембург вечерва во Скопје со резултат 79:70.

Во првиот натпревар на реновираната сала „Градски Парк“ по десет години пауза, македонските кошаркари влегоа одлучно и поведоа со 25:17 по првата четвртина. До полувремето разликата се зголеми на 44:32.

Под водство на новиот селектор Жозеп Марија Берокал, избраниците одржуваа контрола на натпреварот и на средината од третата четвртина стигнаа до највисоки +20 (54:34). Луксембург успеа да ја намали разликата до десет поени пред последната четвртина (59:49), но македонскиот тим брзо се врати во ритам, отвори последниот период со серија од 10:5 и рутински го заврши натпреварот.

Најефикасен во македонските редови беше Јакимовски со 17 поени, а Хап оствари 15 поени и 14 скокови.

Со оваа победа, Македонија ја држи првата позиција во групата А со максимални шест бодови. Следниот натпревар е закажан на 2 март против Азербејџан на гостински терен.

SWM
Pharmanova
FixCredit
Escape
Mia Home Mavrovo