ПРВ.мк
Спорт

Македонија во јуни ќе ја дознае групата за СП а познати се можните градови во Германија

Македонија во јуни ќе ја дознае групата за СП а познати се можните градови во Германија

Македонската ракометна репрезентација во јуни ќе ја дознае својата група за Светското првенство во Германија. Пред ждрепката веќе е познато дека Македонија ќе настапува во еден од трите германски градови: Кил, Минхен или Магдебург.

Нашата селекција се наоѓа во вториот шешир, заедно со Франција, Словенија, Норвешка, Србија, Шпанија, Италија и Фарски Острови. Во првиот шешир се Данска, Германија, Хрватска, Исланд, Португалија, Шведска, Египет и Аргентина.

Во третиот шешир се Грција, Полска, Бразил, Бахреин, Тунис, Зеленортски Острови, Чиле и САД, додека во четвртиот се Катар, Кувајт, Јапонија, Алжир, Ангола, Уругвај и двете селекции што ќе добијат вајлд-карта.

Она што е сигурно уште пред ждрепката е дека Македонија нема да игра во Штутгарт. Со тоа автоматски се исклучува можноста нашата репрезентација да се падне против Аргентина или Египет од првиот шешир.