Македонската фудбалска репрезентација направи голем чекор напред и за првпат ќе настапува во повисокото ниво на натпреварување во рамки на UEFA Nations League, но наградата за тој успех дојде со исклучително тежок распоред.
Жрепката одржана во Брисел ѝ донесе на Македонија група во која ќе мора да се соочи со силните селекции на Шкотска, Швајцарија и Словенија — репрезентации со богато искуство и редовни настапи на големи турнири.
Нашата селекција влезе во ждрепката од последниот шешир, што значеше дека уште од старт беше јасно дека нема да има лесни противници. Сепак, комбинацијата што се извлече важи за една од најнезгодните во целата Лига Б и ќе бара максимална концентрација на секој натпревар.
Новата сезона започнува на 24 септември и ќе трае до 17 ноември, со по две кола месечно. Темпото ќе биде напорно, а секој бод може да биде одлучувачки во борбата за опстанок и подобар пласман.
По групната фаза следуваат четвртфиналињата и плејоф-пресметките во март 2027 година, додека завршницата на натпреварувањето е закажана за јуни истата година. Баражите поврзани со европските квалификации ќе се играат во март 2028.
Македонија ја очекува вистинска фудбалска проверка – дуели со сериозни европски противници, но и шанса да покаже дека напредокот е реален и заслужен.


















