ПРВ.мк
Македонија

ТАЈНИТЕ ТЕНДЕРИ ПУКНАА: Четворица од Кочани под кривична – 1,4 милиони денари завршиле кај „избран“ оператор!

ТАЈНИТЕ ТЕНДЕРИ ПУКНАА: Четворица од Кочани под кривична – 1,4 милиони денари завршиле кај „избран“ оператор!
Kristal

Четири лица од Кочани се соочуваат со кривична пријава поради сомнежи за злоупотреба на службена положба при јавна набавка вредна над 1,4 милиони денари, соопшти МВР. Станува збор за поранешен директор на КЈП „Водовод“ – Кочани, поранешен вработен и уште двајца актуелни вработени во претпријатието.

Според информациите, пријавата до Основното јавно обвинителство во Кочани ја поднела Надворешната канцеларија за криминалистички работи при ОВР Кочани. Осомничените се товарат за „злоупотреба на службената положба и овластување“ во соизвршителство.

Истражните наводи посочуваат дека во 2021 година, тројца од пријавените како членови на комисија за јавна набавка спровеле постапка спротивна на законските прописи. Во тендерската документација, како што се наведува, биле вклучени спецификации за производи кои не биле достапни на пазарот, со што се ограничила конкуренцијата и се создала предност за конкретен економски оператор од село во општина Могила.

Поранешниот директор, иако бил должен да ја провери законитоста на целата постапка, донел одлука за избор на најповолна понуда и склучил договор во име на претпријатието. Со тоа, според пријавата, бил овозможен противправен имотен бенефит од 1.406.306 денари.

Случајот е во рацете на обвинителството, кое ќе одлучува за понатамошните чекори.

FixCredit
FixCredit
Escape
Mia Home Mavrovo