Лука Модриќ на прагот на трансфер во Интер Мајами: Меси го поканува да му се придружи
Легендарниот фудбалер на Реал Мадрид и капитен на Хрватска, Лука Модриќ, би можел да ја заврши својата кариера во МЛС лигата, и тоа во редовите на Интер Мајами. Главниот поддржувач на овој потенцијален трансфер е самиот Лионел Меси, капитенот на американскиот клуб, кој активно се труди да го убеди Модриќ да се приклучи на тимот.
Интер Мајами, кој е во сопственост на бившиот фудбалски ас, Дејвид Бекам, веќе подолго време има интерес за привлекување на Модриќ, но сега целата ситуација добива нова димензија благодарение на Меси, со кого Модриќ има силна взаемна почит.
Според информации од странски медиуми, Модриќ, најтрофејниот фудбалер во историјата на Реал Мадрид, скоро сигурно нема да продолжи да ја носи „кралската“ опрема следната сезона. Се очекува да се случи летна реконструкција на тимот, а неговата улога веќе нема да биде централна.
Се додека се спрема за својата последна голема сцена, Модриќ сака да остане во добра форма пред претстојното Светско првенство 2026, кое најверојатно ќе биде негов последен настап на најголемата фудбалска сцена, со оглед на тоа што ќе има 40 години.
Интер Мајами планира да го доведе Модриќ уште ова лето, со цел да биде подготвен за Светското клупско првенство, кое ќе се одржи токму во САД. Модриќ ќе се приклучи на поранешни ѕвезди на Барселона – Лuis Суарез, Серхи Бускетс и Жорди Алба, создавајќи искуствени и атрактивни темели на тимот.