Претседателот на Република Хрватска Зоран Милановиќ денеска изјави дека „ЕУ е убав и моќен проект, но земјите од регионот се такви што западните земји нема да ги примат во ЕУ, а Украина е преголема“.
Милановиќ: ЕУ не може да ја замени енергијата што ја увезуваше од Русија
„ЕУ е убав и моќен проект. Земјите од регионот се такви што западните земји нема да ги примат во Унијата, а Украина е преголема. Благодарение на Европа, состојбата со вработувањето кај нас никогаш не била подобра“, рече Милановиќ на свечената седница по повод 773-годишнината од градот Крижевци.
Иако рече дека дошол повеќе да слуша, а помалку да зборува во овој предизборен период, на идниот градоначалник и на сите кои ќе победат на локалните избори, им порача максимално да ги користат парите од европските фондови „бидејќи сега е последен час“.
Унијата, истакна во својот говор, нема енергија бидејќи се откажа од неа. Не може да ја замени онаа што ја имаше кога увезуваше од Русија за ниска цена. За жал, нагласи Милановиќ, ние не сме ниту меѓу најмоќните по новите технологии, денес тоа се Америка и Кина.
„Мораме да ја преиспитуваме секоја одлука на Брисел и другите центри на моќ“, изјави претседателот на Република Хрватска Зоран Милановиќ.
Извор: Индекс