ПРВ.мк

Хуманост на дело: Вардар и Црвена Ѕвезда собраа 100.000 евра на пријателскиот натпревар за Кочани

Хуманост на дело: Вардар и Црвена Ѕвезда собраа 100.000 евра на пријателскиот натпревар за Кочани
Jumbo Banner

Нешто помалку од 100.000 евра се собрани од хуманитарниот натпревар кој минатата недела го одиграа екипите на Вардар и Црвена Звезда во име на настраданите во трагедијата во Кочани.

Според извршниот директор на клубот Миленко Неделковски, откако ќе заврши процедурата парите преку Црвениот крст на Македонија ќе бидат префрлени кај семејствата од настраданите.

Неделковски повторно се заблагодари на гостинот од Белград, кој е тука за нас како држава кога е најпотребно, и на сите оние кои што на најдобар можен начин го испочитуваа настанот, кој имаше предзнак хуманитарен. Мечот се подигра пред преполна Арена Тодор Проески каде имаше повеќе од 25.000 гледачи.

ELS
Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран